Стабилизација на времето по четврток

Земјава е повторно под студен и влажен бран кој донесе врнежи од дожд. Се очекува такво време да се задржи и во следните неколку дена, а стабилизирање на времето ќе има од почетокот на викендот. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека на планините ќе има врнежи од снег, но можно е да врне снег и во Тетово и Гостивар.

За утре попладне синоптичарите најавуваат и засилен северен ветер кој ќе се задржи и во четврток претпладне. Потоа, се до недела температурите ќе бидат во пораст.