Станари од зграда во центарот на Гостивар попречени да си го откупат дворното место

Повеќе од десет години, се обидуваат да го откупат дворното место пред зградата во која живеат, но постојано наидуваат на препреки. Станарите од зграда на ул„Илинденска“ во Гостивар велат дека не можат да си го остварат правото, заради заплеткани процедури. На почетокот дворот не ни бил внесен во урбанистичкиот план. Откако платиле да се направи геодетски елаборат, местото влегло во планот. Ја поднеле целата документација за приватизација, но правно лице кое нема сопственост во зградата, а има корисничко право на место под објектот, го оспорува предметот.  

Странка што нема имот ни го оспорува правото на приватизација. Странката има корисничко право за простор под зградата, но не на дворот. Во катастар по закон требаше да се избрише корисничко право, дек ане постои. Тоа не беше направено, не знаеме од кои причини. Предметот стигна до второтстепена комисија на Управен суд“, објаснува Велимир Ѓорѓески, еден од станарите во зградата која има 12 станови.

Станарите посочуваат дека во решенијата што ги добиваат од комисиите за имотно-правен спор, нема логични образложенија. Бараат институциите наместо да ги вртат во круг, да најдат начин и решение да можат си го остварат правото на приватизација на дворното место.

„Последното решение е донесено на 28 јануари годинава. Во него само е нешто пишувано, како на фотокопир, членови од закони и повторно е вратен предметот на првостепена комисија. Просто кажано, не шетаат од врата на врата. Толку години да не може да се реши тој спор, не е  можно. Немаме друго што и мораме да се обратиме јавно преку медиумите“, вели Ѓорѓески.  

Од одделението за имотно-правни работи во Гостивар, кое ги води предметите за откуп на дворови, рекоа дека се додека не биде избришано заостанатото корисничко право од катастар, не можат да донесат решение за приватизација.   

Во меѓувреме станарите посочуваат дека неможноста да го откупат дворот им создава секојдневни проблеми со узурпација на просторот, блокирање со паркирани возила и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!