Стојановска : Oд 15 јули ќе напрaвиме повеќе за сите и повеќе за нашите сограѓани со хендикеп

Носителката на листа во изборна единица 6 од Коалицијата „Обнова за Македонија“, Дафина Стојаноска, денес во Тетово оствари средби со Здружението на глуви лица, Здружението на слепи лица и Здружението со телесен инвалидитет Мобилност.  

„Имавме интересни и конструктивни разговори за кои овие луѓе изминативе три години имале можност да видат и увидат кој и колку се грижел за нивните проблеми и барања. Исто така, заеднички дојдовме до заклучок, она што Зоран Заев не ги слушаше и не ги гледаше сопствените граѓани односно она што Зоран Заев не покажа слух и вид за желбата на граѓаните на Република Македонија како пред, како за време така особено после референдумот во 2018 година е најголемиот хендикеп за граѓаните на Република Македонија. И токму затоа дел од кандидатите на пратеничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија, се обврзуваме дека од 15 јули ќе напрвиме повеќе за сите и повеќе за овие наши сограѓани“, истакна Дафина Стојаноска.

error: Content is protected !!