Сулејман Реџепи е разрешен од функцијата претседател на Исламската верска заедница

Ваква одлука е донесена на вонредна седница на мнозинството на Ријасетот на ИВЗ, која се одржа денес во Гостивар. За смена на поглаварот, кој е познат по неговите контроверзни изјави, гласале 16 члена на Ријасетот, од вкупно 18 во неговата структура.

Со свој потпис и печат одлуката поддржале Муфтивствата од 12 градови во земјава, како и претседателот на Хуманитарната организација „Хилал“, Мустафа Даути, деканот на Факултетот за исламски науки, Шабан Сулејмани, директорот за Дијаспора, Селвер Џемаили и членот на Ријасетот, Фадил Рамадини.  

На вонредната седница беше истакнато дека одлуката за разрешување на досегашниот претседател на ИВЗ стапува на сила денес, а на неговото место, поставен е гостиварскиот муфтија Шаќир Фетаи, како вршител на должноста.

Од информативниот центар на ИВЗ велат дека не го признаваат разрешувањето на Реџепи, поради што повикале адвокат, по што ќе излезат со конкретен став.

error: Content is protected !!