Таравари смета дека земјава влегува во втор корона бран

Деновиве во гостиварскиот регион се бележат новозаразени со коронавирус, за разлика од претходните две недели, кога немаше нови случаи. Не станува збор за масовно ширење и состојбата се уште е стабилна, оценуваат надлежните. Сепак, апелираат мерките и препораките максимално да се почитуваат, со оглед дека веќе нема забрани за движење и рестрикциите се олабавени.

Вчера и денес, во Општина Врапчиште се регистрирани 3 новозаболени лица, а во Гостивар еден позитивен тест има од скринингот во градинките.

„Од сите нас зависи каков ќе биде текот на состојбата во идниот период, ако ги почитуваме мерките за заштита, ако внимаваме го намалуваме ризикот“, вели градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Таравари смета дека владините одлуки за справување со корона заразата не се соодветни, дека мерките се целосно олабаванеи за да се протуркаат избори и дека земјава веќе влегува во втор бран на пандемија.

Од почетокот на коронакризата во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше направени се над 300 тестирања. Позитивни вкупно биле 27 резултати. Регистрирани се три смртни случаи, 17 оздравени, а активно болни се 7 лица.

error: Content is protected !!