Тачи – Гласајте за ДПА за подобар социјален живот

Главниот фокус на нашата партија ќе биде пропорционалната распределба на буџетот и консензуалната демократија, рече лидерот на ДПА Мендух Тачи на неговата прва предизборна средба со членови, граѓани и симпатизери во Тетово

За да се избориме за подобар живот треба да гласате на овие избори кои ни се многу важни,посочи Мендух Тачи на средбата кој ја одржа со членови и симпатизери на Тетово. Овој пат борбата за слободата ќе је обезбеди но без пушка туку со заокружување на бројот 1. Поради кризата со Ковид-19 по изборите ќе се даде голема помош за граѓаните рече Тачи

-Овие избори се многу важни во борбата за нашата слобода но без пушка, туку со глас. Затоа земете го вашето семејство, носете маска, и едно пенкало од дома, отворете го гласачкото листе и таму прв е Мендух Тачи, заокружете го. Ветувам дека кога ќе дојдеме на власт ќе се работи 24 часа првите 30 денови. Но прво треба ден и ноќ да се избориме за тоа. За албанските семејства во социјален ризик, во првите 30 денови од мандатот социјална помош за секое албанско семејство кое има потреба по 6 илјади денари по член на семејство, ама не како сега 6 илјади документи да пополнат. Директно на рака, Секој ќе биде обешетен, од келнери во кафиќи, таксисти, до сите граѓани. Исто така гледаме болницата во Тетово на кое ниво е, но ние ќе ја издигнеме на универзитетска клиника со голема помош од државниот буџет, тоа е потребно зошто ситуацијата со Ковид-19 нема да стивне одма, рече Мендух Тачи, посочи Тачи.

Тој истакна д дека ДУИ со кандидатот за примиер Албанец ја навредува интелегенцијата на народот

-Што се однесува на Али Ахмети и капачето што се врти на тенџерото Насер Зибери, ја навредуваат нашата интелигенција, таква измама никој не прифаќа. Политиката се менува, животот се менува но Али Ахмети не сфаќа.

„Доаѓа лето низ врата“ е мотото со кое ќе настапи ДПА на парламентарните избори. Пред присутните зборуваа и останатите носители на листи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *