ТВ Кисс и Менада традиционалниот Избор на најубаво велигденско јајце ќе го организира онлајн

За да не се прекине традицијата на одржување на Изборот на најубаво велигденско јајце оваа година ТВ Кисс и Менада истиот ќе го организира онлајн, со цел да се почитуваат препораките на надлежните за заштита и превенција од актуелниот коронавирус. Во таа насока се дефинирани неколку правила за учество.

Учесниците во порака на нашата фејсбук страница https://www.facebook.com/kissmenada/  да испратат видео во кое учесникот се претставува и ја објаснува тематиката на јајцето, како и фотографии на кои одблиску се гледа велигденското јајце. Во прилог треба да испратат и телефон за контакт.

Правилото коешто важи од почетокот на организацијата на овој Избор е дека секој учесник има право да се натпреварува само со едно јајце.

Видеата и фотографиите треба да се испратат најдоцна до 17 април 2020 година.

Одлуката за најубави велигденски јајца ќе ја донесе жири комисија составена од свештено лице и ликовен уметник, а за учесниците ќе бидат обезбедени соодветни подароци.

Инаку Изборот на најубаво велигденско јајце со добиените видеа преку интернет ќе се емитува во недела на 19 април, на првиот ден Велигден.

Повик до сите фирми кои сакаат да доделат подароци на учесниците на Изборот на најубаво велигденско јајце да не контактираат во инбокс или на телефонот 044/ 333 909 ( од 11 до 16 часот)

Упатуваме голема благодарност до

Бургер хаус
Тетовска млекара
Фотостудио Златески
Стоматолошка ординација Симбел дент
Конфекција Лоренцо
Фризерски салон Нона
Ресторан Парадокс
Аптека Душица фарм
Бибилиотека Светлина
Балетско студио Менада
Продавница за тексти Гетекс
Дараком
Авто Чајка
Книговодствено биро Пан
Пан компјутери

кои несебично даруваа дел од своите производи или услуги кои ги нудат.

error: Content is protected !!