Телефонскиот број за пријавување на загадувачите не функционира

Граѓаните подолго време немаат можност преку телефонскиот број на Тетово Еко извештај, да пријават загадување на животната средина. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, рече дека ќе го провери пропустот и истиот според неа ке биде надминат за скоро време.

„Тој телефонски број е многу важен посебно за овој период од годината кога имаме поголема аерозагаденост. Ќе проверам во службите и пропустот за кратко време ќе биде надминат, рече градоначалничката на Тетово Теута Арифи“

Таа рече дека и покрај што не функционира телефонскиот број на Тетово Еко извештај изречени се неколку казни против приватни фирми, поради загадување на животната средина.   

Казните за загадувачите изнесуваат 2 500 евра, но за разлика од првиот човек на општина Тетово која тврди дека се изрекуваат казни,  од општинскиот инспекторат за еколологија, велат дека засега делуваат само превентивно кон загадувачите.  

error: Content is protected !!