Тестирање за Ковид-19 на ФК Ренова и ФК Шкендија

Денеска во просториите на фудбалските клубови Ренова и Шкендија беше извршено тестирање за Ковид-19 врз 100-тина членови на двата клубови. Играчите и ангажираните лица во клубовите резултатите ќе ги добијат најдоцна до утре, а потоа и двете екипи ќе продолжат со редовните тренинзи.

Тестирањето е организирано од Синдикатот на фудбалери на Македонија и болницата Аџибадем Систина, а ќе бидат опфатени сите прволигашки фудбалски клубови.

error: Content is protected !!