Тетовецот Орхан Багашов се вклучи во хуманитарната акција за изработка на заштитни маски со визири

На изработката на маските работат повеќе волонтери од државата кои поседуваат 3Д принтери.

16-годишниот Орхан Багашов од Тетово, млад иноватор во областа на роботиката и електрониката, се приклучи на акцијата за изработка на заштитни маски со визири за здравствените работници. На изработка на маските работат повеќе волонтери од државата кои поседуваат 3Д принтери. Багашов за два дена изработил 25 потреби делови на 3Д принтер кој сам го изработил.

Инаку, поради постојаната потреба од заштитни маски со визири за здравствените работници, за нивната изработка волонтерите се организираат и се договараат на Facebook, од каде велат дека сите заинтересирани лица или компании можат да се приклучат, доколку имаат 3Д принтер, пристап до А4 фолии кои се подебели од 0,4 мм, филаменти за 3Д принтање од горенаведените материјали, а потребни се и волонтери за состав на визирите и достава на истите.  

error: Content is protected !!