Тетовец не го почитувал решението за изолација и надзор

126 лица биле казнети за неносење заштитна маска.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 126 лицa (ТЕ-85 и ГВ-41) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје на 236 лицa (TE-183 и ГВ-53) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а контроли им биле извршени на 1547 (ТЕ-1134 и ГВ-413) лица со вакви решенија и при тоа било констатирано дека едно лице од Тетово не го почитувал решението за изолација и надзор.

Вчера при контрола околу 14 часот извршена од полициски службеници на СВР Тетово, триесет и деветгодишниот тетовец не бил пронајден  во неговиот дом. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

error: Content is protected !!