Тетовец проголтал дрога при полициски претрес

При неколку полициски претреси, извршени врз основа на судска наредба, вчера во домови на тетовци, но и при контрола во угостителски објект била пронајдена дрога.

Кај 35-годишник од Тетово, при претресот, кој полицијата го извршила со службено куче, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, воздушна пушка „Дијана“ без сериски број, шест куршуми калибар 7,62мм и една запалка за рачна бомба. Во дворот дошол и 22-годишен тетовец, кој во устата ставил неколку ќесички со марихуана и бела прашкаста материја. Полициските службеници успеале да извадат дел од нив, додека дел ги проголтал, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово.

Пронајдени и одземени неколку пакувања со прашкаста материја и дигитална вага биле и во домот и помошните простории на 21-годишник во Тетово, додека дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и најлонска кеса со остатоци од марихуана, биле пронајдени и одземени во домот на 22-годишен тетовец.

Ноќеска во угостителски објект во Тетово поради поседување марихуана и бела прашкаста материја приведени две македонски државјанки и осум странски државјанки, кои имале потврда за работа и престој во нашата земја.

Сите лица ќе се соочат со соодветни пријави информираат од МВР:

error: Content is protected !!