Тетово доби 5 градски автобуси

Автобусите пристигнаа во Тетово, но се уште не се знае колку ќе чини цената на билтетот и на кои релации ќе возат. Се чека одлуките да се донесат на седница на Совет, а потоа да профункционира јавниот превоз.

5-те долгонајавувани автобуси вчера беа донесени во Тетово. На примопредавањето градоначалничката, Теута Арифи, рече дека се работи за капитален проект од голема важност за граѓаните и дека гужвите во сообраќајот ќе се намалат ако повеќе се користи јавен превоз.

За набавка на автобусите Општината доби кредит од Светска банка, преку Министерството за финансии, во износ од 1,2 милиони евра. 

Се уште не се знае колку ќе ги чини граѓаните возењето со автобус. Деталите ќе се утврдат на седница на Совет, по што се најавува дека ќе започне да функцинира јавниот превоз преку претпријатието „Тетово транспорт“.        

 Од пред два месеца поставени се и автобуски постојки на главните булевари во Тетово.

error: Content is protected !!