Тетово прво во светот според индекс на загаденост за средината на 2020 година


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Загадување на воздухот значи многу полоши последици од зараза со коронавирусот, потврдуваат медицинските лица. Тетово е на удар како еден од градовите познат по аерозагадувањето, но и високите бројки на заразени со ковид. Инспекциските служби извршиле 110 надзори врз погони и претрпијатија, но засега казни за загадувачи нема, бидејќи се проверуваат налозите.

            Со првите поладни есенски денови во Тетово започна да расте и загаденоста на воздухот со штетните ПМ 10 честички. Градот неколку години е помеѓу првите на листата кои имаат високо ниво на аерозагадување. Дополнително во време на пандмија, која има и голем број на заразени со ковид 19, се доведува во прашање здравјето на граѓаните.

            Научните студии потвдруваат дека поголемо загадување на воздухот значи многу полоши последици од зараза со коронавирусот.

            Граѓаните на Тетово велат дека загадувањето најмногу го чувствуваат во ноќните и раните утрински часови.

            Од општина Тетово очекуваат дека мерката за доделување инвертер клими на граѓаните ќе придонесе за наламување на аерозагадување. Засега казни за загадувачи нема, бидејќи се проверуваат налозите по извршените 70 вондредни и 40 редовни надзори врз погони и претрпијатија.

            Иако рестриктивните мерки на светско ново го намалија загадувањето на воздухот, сепак во Тетово во ноември речиси секојдневно имало надмнување на дозволените концентрации на ПМ 10 честичките.