Тетово има доволно количини вода за пиење, смируваат надлежните

Од Секторот Водовод и канализација при ЈКП Тетово велат дека прекините во водоснабдувањето се случуваат поради дефекти.

Издашноста на изворите со кои Тетово се снабдува со вода за пиење е на задоволително ниво. Рестрикции во водоснабдувањето не се воведени, тврдат од Секторот Водовод и канализација при ЈКП Тетово.

-Во моментов имаме 280 до 300 литри во секунда зависно од деновите. Тоа е количина којашто е доволна да се снабди градот. Внежите кои ги имаше ветуваат дека ќе имаме доволни колични за водоснадбување, вели Љуљзим Шаќири,  раководител на Водотехничка лабораторија.

Прекините во водоснабдувањето, на кои се жалат дел од жителите на градот, се во моменти кога се врши санација на дефекти, што трае просечно од два до три часа, вели Шаќири. Поголем дефект беше пријавен пред два дена во линијата Лешница.

-Завчера по невремето во Лешница, поради огромниот нанос на снег, беше затворен водоснабдителниот систем, но вчера проблемот беше решен и сега имаме доволно количини на вода, додаде Шаќири.

Надлежните апелират водата за пиење рационално да се користи, да не се злоупотребува за миење дворови, улици и слично.

Данијела Билбилоска

Powered by Live Score & Live Score App