Тетово повторно се соочува со прекини во водоснабдување.

 Тетово повторно се соочува со прекини во водоснабдување. Поради дефекти во старата градска водоводна мрежа некои населби немаат воопшто вода.

Ова е улицата низ населбата горна чаршија. Цела недела овој коловоз плива во вода која извира од подземната водоводна мрежа каде минатиот месец имаше дефект. Тој се острани, но за неколку дена како што кажуваат жителите од оваа населба подземната цефка пак пукнала. Дефекти во подземната градска мрежа има постојано, некои се повторуваат на исто место. Слична е состојбата во дел од населбата Сат мало.

Од секторот водовод и канализација при ЈКП Тетово, велат дека ги очекувале ваквите дефекти во овој период од годината кога има голема штедрост на изворите, од кои Тетово се снабдува со вода за пиење.

 Од локалната самоуправа засега немаат најави за инвестиции за обнова на  градска водоводна мрежа. Тетово се снабдува со вода од два водоводи, а моменталната издашност изнесува 500 литри вода во секунда, но водата не завршува на вистинското место, таа се излева од старите подземни цефки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!