Тетово се наоѓа во фаза на висок ризик од ширење на заразата со ковид

Непочитувањето на мерките и криењето контакти остануваат главните причини за широка трансмисија на болеста.

Заразата со коронавирусот во тетовскиот регион изминатиов период интензивно се шири. Ако во летниот период 7% од земените брисеви биле позитивни, сега тој процент е 30. Широката трансмисија на болеста е поради тоа што лицата со Ковид 19 кажуваат само дел од нивните контакти, а дополнително мерките не се почитуваат целосно. Епидемиолозите со оценка дека Тетово се наоѓа во фаза на висок ризик.

Заклучно со вчерашниот ден има 406 активни случаи со ковид. Според возрасната група во овој период најмногу заболува активното население.

Позитивни на ковид се 11 професори во средните училишта, 7 наставници и 1 администратор во основните училишта, а 3 одделенски групи се во изолација. Иако се работи за поединечни случаеви, сепак, од Кризниот штаб при Општина Тетово со препорака просветниот кадар онлајн часовите да ги одржува од дома.

Бројката на заразени со ковид 19 во тетовскиот регион од почеток на пандемијата до сега достигна речиси 2 000.

error: Content is protected !!