Тетово ќе биде регионален центар за имунизација за полошкиот регион
За таа намена е подготвена спортската сала на Медицинското училиште. Работното време ќе биде од 8 до 20 часот, со капацитет за 1 500 лица.
Во салата на Медицинското сѐ е подготвено за утрешниот почеток на масовната имунизација.Таму дневно е планирано да се вакцинираат по 1 000 лица. Пристигнати се 4 000 вакцини од компанијата Синофарм, а се очекуваат континуирано и нови пратки.
Тетовската градоначалничка, Теута Арифи, апелираше граѓаните да го почитуваат закажаниот термин за вакцинација.
Од утре салата ќе биде регионален вакцинален пункт, а други за сега не се планирани.
Инаку во просториите на Здравствениот дом во Тетово досега се вакцинирани 1 600 лица. Никој од нив не пријавил несакани ефекти по примањето на вакцината.