Тетовската библиотека започна да работи

Со соодветни протоколи за заштита од ширење на заразата со коронавирусот од денес продолжува со работа Националната установа библиотека Кочо Рацин од Тетово.

По речиси 4-месечен прекин тетовската библиотека Кочо Рацин од денес е отворена за читателите. И вработените и членовите мора да се придржуваат до протоколите за работа во време на пандемија, односно да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на заразата со коронавирусот. Книгите кои ќе бидат вратени нема да можат да се изнајмуваат во следните 3 дена.

1. Задолжително носење маска, шал или марама кои го прекриваат пределот на носот и устата
2. Задолжително растојание од 2 м помеѓу корисниците, вработените, како и помеѓу библиотекарите и корисници.
3. Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека
4. Ограничување на бројот на корисници во библиотеката (1 читател во оддел )
5. Книгите кои ќе се вратат не можат веднаш да се изнајмат и ќе бидат ставени 3 дена (72 часа) во карантин.
Забелешка за читателите кои ја користат апликацијата Мојата библиотека или mCOBISS:
• книгата која ќе ја вратите ќе биде ставена во карантин и ќе остане евидентирана кај вас се до изминување на карантинот. Во сервисот Мојата библиотека ќе можете да видите дека таа книга и понатаму е евидентирана кај вас (во делот Друга граѓа), и покрај тоа што е веќе вратена во библиотеката. Тука нема да имате евидентирање на дополнителни побарувања.
• Поради карантинот, во случај на резервација ќе се продолжи периодот кога членот кој ја резервирал граѓата и таа е вратена навистина ќе може да ја зајми.

Од Управата велат дека читателите нема да бидат оштетени. Нема да има казни за изнајмените книги кои не се вратени во изминатиот период додека библиотеката не работеше, а членството ќе им биде продолжено за неколку месеци. Нарачани се и нови книги.

Библиотеката Кочо Рацин ќе работи по летно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

error: Content is protected !!