Тетовската општинска администрација го прекина штрајкот

По преговорите на синдикалците со градоначалникот, Биљал Касами, ќе се изврши измена на Колективниот договор со кој сите административни службеници, кои не добија усогласување на платите со порастот на минималната плата, ќе добијат по 2.806 денари.

Касами вели дека и покрај долговите кои ги има Општината, пари за оваа намена ќе има, затоа што наплатата кај даночните обврзници е поефикасна.

Покачувањето на платите ќе биде дополнителен товар на општинскиот буџет, од околу еден милион и десте илјади денари, па според Касами со поголема мотивација за работа на вработените, ќе има и поквалитетни услуги за граѓаните.

Инаку во Општина Тетово има 340 вработени со редовен работен однос.

Данијела Билбилоска