Тетовската полиција приведе неколку лица

Вчера полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, при акција за сузбивање на групи и лица кои се бават со недозволена трговија со наркотични дроги, врз основа на судска наредба од Основен Суд Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на 29-годишник,  а потоа и во пво домот и помошните простори на 31-годишник, двајцата од Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

Вчера во 21.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од село Јажинце. Полициски службеници излегле на местото и при обид да ги смират, тие се однесувале агресивни и им се заканувале на полициските службеници. Двајцата биле лишени од слобода и биле задржани во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

Предходно во 17.45 часот во Полициска станица Тетово, 46-годишник село Теново пријавил дека на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, по  претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно лице.

Во полицискиот билтен и информација дека вчера вечер на автопатот Тетово-Гостивар настанал пожар во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од жител на Горно Седларце. По интервенција на  Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот бил локализиран и нема повредени лица.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 59 лицa (ТЕ-31 и ГВ-28) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на 63 лицa (ТЕ-33 и ГВ-30) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 799 лица (ТЕ-523 и ГВ-276) лица со вакви решенија и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.