„Тетовскиот говор“ – енциклопедија за секој Тетовчанец


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Од све книѓе на светов, оваја за Тетоо и нејзините лафоој е најбогата и најубаа. Тетовчанецот Дарко Гавровски-Гавро го издаде делото кое претставува енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти, насловен „Тетовскиот говор“. Гавровски го подготвувал ова дело 22 година, половина од својот живот. Вели дека го направил од љубов кон Тетово, за да се оддолжи на предците и да остави аманет за идните генерации.

Гавровски истражувал, запишувал, разговарал со низа луѓе кои му раскажувале за користењето на зборовите во говорот, како и многуте места во градот кои веќе не постојат. Во ова негово дело, Гавровски успеал да ги вметне сите познати податоци и за занаетите, обичаите, традициите во Тетово – со еден збор – создал вистинска енцикопедија за градот.

Гавровски е и автор на познатата „Ја го љубим Тетоо“ – преку ова негово дело, авторот уште еднаш ја докажа својата љубов кон градот под Шара, кој е карактеристичен по многу нешта, а особено по како што вели тој „мекамлијото зборење“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *