Тетовскиот новинар и публицист Владимир Кочоски ја издаде својата 10-та книга „Огреала месечина од Солуна до Тетоо“

Излезе од печат десеттата книга на тетовскиот новинар и публицист Владимир Косочски со наслов „Огреала месечина од Солуна до Тетооо“. Се работи за монографско издание а е резултат на неговото полувековно истражување  на корените на најпознатите тетовски народни староградски песни и судбините на ликовите опеани во нив. Во книгата авторот обработува уште 7 песни од богатата фолклорна ризница на полошкото поднебје, кои се настанати во последните децении од 19 век и првите десеттина години од минатиот век.

Тука се врбоени „Огреала месечина од Солуна до Тетоо“, песна без која не можела да се замисли ниту една свадба или семејна веселба. ССе зборува и за една од најстарите тетовски револуционерни песни „Дали ги виде Данице ѕвездо мојте мили браќа“,  како и „Ленче боуно легна“, „Жали моме, да жалимо“.

Како рецезенти на книгата се потпишуваат писателот д-р Јован Дамјановски и м-р Елизабета Трпческа Петрушевска.

error: Content is protected !!