Тетовскиот театар најавува премиера

Тетовскиот театар најавува премиера на претставата „БУБРЕГОТ“ од Штефан Фогел, која ќе биде прикажана на 14 мај, сабота и предмиерата на 13 мај, петок, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово.

Режисерот, Марјан Георгиевски, вели дека преку претставата публиката ќе има прилика да ги препознае своите најтајни деструктивни сили, кои спијат во секој од нас.

Влезниците се во продажба и истите може да се најдат на билетарницата на Центарот за култура.

Данијела Билбилоска