Тетовските градинки подготвени за почеток со работа

За престој пријавени се 140 деца. Нивните родители треба да достават потврди дека не можат да работат од дома.

140 деца се пријавени за престој во градинките во Тетово. Нивните родители треба да достават потврди дека не можат да работат од дома.

Петте објекти на Јавната установа детска градинка Младост имаат услови за прием на децата притоа да бидат запазени сите протоколи за заштита од ширење на коронавирусот. Според протоколот за децата до 3-годишна возраст максималниот број во една група е 6 деца, а за децата од 3 до 10-годишна возраст максимум е дозволено да има по 15 деца.

Во завршна фаза се активностите за реновирање на објектите на градинките, а од Управата најавуваат дека преку проект комплетно ќе се реновира и градинката Спортски.

Протоколите за работа предвидуваат при прием на децата и на вработените да им биде мерена телесна температура, а вработените постојано да носат заштитни маски. Непосредно пред почетокот со работа ќе се изврши комплетна дезинфекција на сите простории на детските градинки, а дезинфекција треба да се врши и на дневно ниво.

error: Content is protected !!