Тетовските градинки подготвено ќе започнат со работа по шестмесечната пауза поради пандемијата

Приоритет за престој во детските градинки ќе имаат децата чии двајца родители се вработени, велат од детската градинка Младост во Тетово. Од 780 деца колку што минатата година биле згрижени во оваа установа досега се пријавени 140. Со почитување на владините протоколи во време на пандемија во тетовските градинки можат да се згрижат околу 300 деца.

По одлуката на Владата за отворање на градинките на 9 септември Томислав Несторовски уште утринава беше во детската градинка Младост во Тетово, да се распраша кои се процедурите да го запише 9 месечното бебе, кое нема кој да го чува. Тој е вработен е во армија, а неговата сопруга во приватен сектор. Но дали неговото дете во време на пандемија ќе ја посетува оваа установа, конретен одговор не добил.

Од детската градинка Младост, велат дека ако двајцата родители се вработени нивното дете ќе биде запишано во градинка. Ако има голем интерес ќе се бара зголемување на капацитетите на што моментално се работи.

Во петок тетовските градинки ќе се дезинфицираат. Од 9 септември на секое дете при влез во градинка ќе му се мери температура.

Тетовци ја поздравија одлука за почеток со работа на детските градинки. Дел од нив сметаат дека установата во Тетово нема капацитет да работи во време на пандемија, затоа што и во нормална состојба, таа нема доволен простор за згрижување,

Во петте објекти во Тетово во склоп на детската градинка Младост се згрижуваат околу 800 деца, иако е предвидено да бидат сместени 570. Центрите за ран детски развој го ублажија проблемот со недостиг на простор, но потребно и е изградба на нови градинки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!