Тетовските пожарникари денес интервенирале во гаснење 5 пожари

Се работи за запалени неисчистени оџаци и пожари на отворен простор.

Дури 5 интервенции имале тетовските пожарникари во текот на денешниот ден. Последната дојава во Територијалната противпожарна станица е за пожар во Брвеница, додека предходно интервенирале на запалени неисчистени оџаци во Тетово, но и гаснеле пожар на отворен простор во Порој.  

„Почнувајќи од претпладневните часови во ТППЕ Тетово граѓани пријавија пожари. Во село Порој гасневме пожар на отворен простор, и тој е локализиран. Во Тетово на неклку локации гасневме запачени неисчистени оџаци. Во Брвеница пак имаше пожар на отворен простор. Сите пожари со наша интервенција се локализирани, вели командирот на ТППЕ Тетово, Ука Алити.

Од почетокот на годинава до сега тетовските пожарникари имале вкупно 102 интервенции, што претставува зголемување во споредба со предходните години. Најголем број од нив се гаснење неисчистени оџаци, интервенции во сообраќајки и друго.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!