Тетовските средношколци на протест против онлајн наставата

Тие велат дека голем дел од нив немаат средства за да купат компјутер и да учат преку интернет, а дополнително и Националната платформа има недостатоци.

Средношколците од Тетово бараат да учат со физичко присуство во училиштата. Незадоволството од донесените одлуки за следење на онлајн настава денес го изразија преку протестен марш низ градските улици до плоштадот.

Тие велат дека голем дел од учениците немаат услови за настава на далечина, односно немаат средства за да купат компјутер, а дополнително и Националната платформа има недостатоци. Потенцираат дека се свесни дека пандемијата постои, но ним им е потребно образованието. Ќе продолжат со бојкотот додека не се исполнат нивните барања.

Досега во општина Тетово со физичко присуство учат само учениците од прво до трето одделение, бидејќи Комисијата не дала согласност на ниту едно училиште. Eдинствено согласност само за индивидуална настава за инструмент доби Музичкото училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“.

error: Content is protected !!