Тетовски пазарџии се жалат дека имаат поголема штета отколку заработка


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Продавачите кои имаат тезги на тетовскиот Зелен пазар се жалат дека периодов имаат поголема штета отколку заработка. Поголемиот дел од нив продаваат овошје и зеленчук, па велат дека робата им скапува кога пазарот е затворен поради полицискиот час, особено во викендите кога имаше целосна забрана за движење. Тие велат дека принудени да се снабдуваат со помалку производи, за да немаат големи загуби. 

Цените на производите, пазарџиите велат дека се пониски во однос на предходните денови, но сепак прометот е мал.

Со одлука на Тетовскиот кризен штаб, со цел превенција од ширење на коронавирусот, Зелениот пазар се затвора и секој четврток, кога во градот е пазарен ден.