Тетовци: Ако се почитуваат мерките ќе се намали бројот на новозаразени
Тетово секојдневно со нов рекорд на новозаразени лица со Ковид-19. Веќе неколку дена важат новите мерки за заштита, меѓу кои и онаа за носење на маска на отворено. Што мислат Тетовци – дали доволно се почитуваат новите мерки и дали тие ќе доведат до намалување на високата бројка на нови случаи?
Со есенскиот бран, Тетово е меѓу првите градови со највисока бројка на нови регистрирани случаи на дневно ниво. Бројката секојдневно е двоцифрена со дури приближно 100 новозаразени лица.