Тетовци велат ќе ги почитуваат мерките за дочекот на Нова година


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

На прагот од 2021 година, ги прашавме граѓаните од Тетово дали ќе ги почитуваат мерките за Новогодишната вечер. Вообичаено, Новогодишната ноќ се сметала за најлудата ноќ во годината, кога целиот свет се забавува и радосно ја пречекува новата година. 2020 беше година на светска пандемија и воведување на нов начин на живот. Дали Тетовци ќе останат во своите домови и нема да организираат собири, со цел празниците да не бидат причина за продолжено ширење на коронавирусот? Ова се нивните одговори:

Иако годишнешната прослава треба да се одвива во кругот на најблиското семејство, сепак низ Тетово деновиве е раздвижено, а граѓаните ги купуваат потребните намирници за дочек на Новата година во своите домови. Додаваат дека најважно за сите е прво здравјето.