Тетовци: Војната е лоша за сите, последици ќе има

Тетовци се загрижени за воените дејствија кои се одвиваат во Украина. Велат, во војна сите губиме, а ситуацијата ќе резултира со големи последици и за нашиот регион.

Ситуацијата е лоша. Ќе има последици за сите. Очекуваме голема економска криза. Сите сме загрижени. Ова се зборовите на Тетовци во однос на воените дејствија во Украина кои се одвиваат деновиве. Загриженоста и стравот се присутни во голема мера, а Тетовци сметаат дека лошата ситуација најмногу ќе се одрази на економски план. Некои се надеваат и сметаат дека состојбата нема да ескалира и ќе биде ставена под контрола.

Инаку, денес започнаа преговорите помеѓу Русија и Украина на тлото на Белорусија, со цел изнаоѓање решение за ситуацијата и прекин на воените дејствија. Најнови информации во однос на санкциите за Русија е дека националната валута рубља е на историски најниско ниво досега, а Московската берза денес остана затворена.

Маја Пероска