Тетовци: Полициски час после 22 часот нема логика


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Полициски час преку ден, а не ноќе. Тогаш сите сме дома, велат Тетовци во пресрет на најавата за повторно воведување на полициски час од 22 часот до 5 часот наутро. Оваа мерка повторно се предложи од Комисијата за заразни болести со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, што во последниот период е во пораст. Но, Тетовци сметаат дека гужвите, собирите и групирањата кои доведуваат до трансмисија на вирусот, се одвиваат преку ден, а најмалку после 22 часот.

Микробиологот д-р Никола Пановски вели дека дошло и до опуштање кај граѓаните па затоа бројките на нови случаи повторно почнаа да растат.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека мерката полициски час е во интерес на заштита на јавното здравје.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, реагираа дека полицискиот час не е решение, бидејќи како што велат народот чека вакцина, додека пак министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека Подобро е пократко време да има рестриктивни мерки, отколку да има целосно оптоварување на здравствениот систем.