Тетовци: Потребно е да се спроведе попис во државата

Поминаа речиси 20 години од последниот спроведен попис во земјава. Таквото организирано собирање на податоци во една држава е од клучно значење за понатамошното креирање на државните политики. Од власта најавуваа спроведување на пописот согласно стандардите на Обединетите Нации и Европа, но земјава, а и светот се соочуваат со уште еден глобален и сериозен проблем – пандемијата со Ковид-19. Што мислат граѓаните на Тетово по ова прашање? Дали треба да се спроведе пописот во време на пандемија?

Од опозицијата имаше низа реакции, но и предлог пописот да се спроведе по електронски пат. Според најавите, би требало да се одржи во месец април. Целта на таквото собирање податоци е  да се даде реална фактографска слика за состојбата во државата.

error: Content is protected !!