Тетовци се гушат во загаден воздух, а мерки во градот под Шара нема

Граѓаните се гушат во загаден воздух во текот на целиот зимски период, дишат штетни честички со концетрација за неколку пати поголема од максималните граници.

Општина Тетово не одвојува пари за борба против изворите на загадување, сообраќајниот и урбаниот хаос се зголемува, хигиената е на многу ниско ниво. Централните власти пак се правдаат дека немаат доволно пари, за да се справат со овој сложен проблем.

Валентин Тасевски од ДОМ, вели дека пикот на аерозагадувањето во Тетово е значително голем во зимскиот период, кога контролата на еколошките инспекторите треба да биде зачестена, ако сакаме почист воздух .

Минатата година беше отворен јавен повик преку кој со државни пари приватните фирми кои користат нееколошки средства за затоплување, имаа можност да инсталираат филтри на оџаците.

Но, ниту едно претпријатие се нема пријавено на повикот, а истите продолжуваат да се загреваат на ист начин, без да бидат казнети. Од Еко Герила велат дека казни треба, но не само за приватниот сектор.

Од Министерството за животна средина пак, сметаат дека граѓаните за разлика од пред една година дишат почист воздух, поради неколките мерки кои ги имаат преземено, а кои како што велат не се доволни.

Нивна тенденција е до крајот на нивниот мандат, да нема институција која ќе користи нееколошки средства за затоплување.

error: Content is protected !!