Тетовци се уште не размислиле дали ќе се вакцинираат

200 илјади вакцини се очекува да пристигнат месецов во земјава. Вчера беше потпишан договорот за набавка на вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Многу земји ширум светот веќе се во фаза на вакцинација. Во исчекување на вакцинацијата против КОВИД-19, ги прашавме граѓаните на Тетово, дали би се вакцинирале против вирусот и дали сметаат дека вакцините се безбедни. Голем дел од нив немаа конкретен одговор бидејќи се уште не размислиле на оваа тема.

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре ќе се пушти во употреба сајтот преку кој граѓаните ќе можат да пријават за вакцинација.

Од министерство за здравство во неколку наврати порачаа дека кинеските вакцини се сосема безбедни, а први ќе се вакцинираат најризичните групи, како и здравствените работници.