Тетовци се уште чекаат пробивање на главните булевари и улици во градот за решавање на сообраќајниот метеж

Граѓаните на Тетово со години чекаат пробивање на булеварот „Благоја Тоска“, што би придонело да растерети сообраќајот во тој дел од градот. Местото каде што треба да помине овој булевар крај тетовската болница е претворен во паркинг и е во катастрофална состојба, а жителите бараат  конечно решение за сообраќајниот метеж.

Од Општина Тетово во писмена форма ни одговорија дека средствата за изградба на булеварот се обезбедени и се чека да се заврши екпропријацијата на имотите на граѓаните, кои се наоѓаат на местото каде треба да поминува овој булевар, за потоа непречено да се започнат подготвителните градежни работи.

Со истата цел за регулирање на сообраќајот пред неколку дена започнаа градежните активности за пробивање на булеварот „Видое Смилевски Бато“, кај спортскиот центар, што според договорите со фирмите кои се задолжени за овој дел, рокот на завршување на истите е шест месеци.

Тетовската градоначалничка, Теута Арифи, дополнително информираше дека сообраќајните гужви ќе се расчистат со изградба на обиколница, чија изградба е веќе планирана.

Пробивање на главните улици во градот ветуваа и претходните градоначалници на Тетово.

error: Content is protected !!