Тетовци ја почитуваат одлуката за носење на заштитна опрема

Тетовци ја почитуваат одлуката за носење на заштитна опрема, која стартуваше од денеска. Велат дека заштитната опрема за нив е голем трошок, ако се знае дека маските кои се за еднократна употреба изнесуваат по околу 20 денари. Но здравјето велат е пред се, мора да се почитуваат мерките

Од аптеките велат дека е зголемена потрошувачката, имаат доволно заштитна опрема во магацините, а цените на маските според фармацевтите остануваат исти.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, смета дека заштитната опрема треба да се носи само во затворени простории, предлог кој е веќе прифатен од Комисијата за заразни болести. На отворени јавни простори нема потреба да се носат маски, ако се земе предвид бројот на заразени во Тетово но и дополнителниот трошок на тетовци, смета Арифи.

Во Тетово денеска имаше поголема раздвиженост во пресрет на рамазанските пости, кои започнуваат од утре. Од Кризниот штаб Тетово, уште вчера побараа полицискиот час да започне од 19 часот, со што дополнително би се растеретиле гужвите кои се големи за време на светиот месец Рамазан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!