Техничкиот премиер Оливер Спасовски го најави вториот пакет-мерки за економијата за справување со кризата со коронавирусот

Ќе се субвенционираат платите и придонесите на работниците.

Платите на вработените во јавната администрација нема да се кратат, но сите државни функционери, од шефот на државата, преку премиерот, министрите, директорите и градоначалниците во локалната самоуправа, во следните месеци ќе земаат минимална плата од 14,500 денари.

Премиерот Оливер Спасовски денеска ги најави новите мерки и повика на солидарност од сите во општеството за надминување на кризата која ја предизвика пандемијата на коронавирусот.

Во пакетот влегуваат серија мерки.

Со мерката број 1 што денеска е утврдена на седницата на Владата се предвидува финансиска поддршка за правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19.

Мерка 2 – Помош за спортистите За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

Мерка 3 – Помош за уметниците За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

Мерка 4 – Месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот.

Мерка 5 – Сите избрани и именувани функционери ќе примаат минимална плата од 14.500 ден во април и мај 2020 година.

Мерка 6 – Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции нема да примаат надомест за времетраење на кризата.

Мерка 7 – Грижа за лицата во неформалната економија – Надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија.

Мерка 8 – Се запира Законот за извршување до крајот на јуни.

Мерка 9 – Одложување на кредитите кај банките.

Мерка 10 – Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компаниите.

Мерка 11 – Да се одложи плаќањето закуп за корисниците на социјалните станови.

Мерка 12 – Дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра.

Мерка 13 – 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија пласирани преку комерцијалните банки за заштита на ликвидноста на компаниите.

Мерка 14 – Се забранува отворање на стечајна постапка.

Мерка 15 – Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од минатата година заклучно со мај 2020 година, кој ќе се одобрува од работодавачот.

Мерка 16 – Формирање на солидарен COVID-19 фонд.

Мерка 17 – Намалување на авторски хонорари.

error: Content is protected !!