Тренинг за превенција и спечување корупција

Во Тетово денес се одржа обука која е дел од проектот “Поттикнување на овозможувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија” кој е финансиран од Американската амбасада. Целта на тренингот е зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија, локалната самоуправа и граѓанските организации во полето на антикорупциски практики, заштита на укажувачи и транспареност и отчетност.

Подготвени прашалници биле доставени до јавните претпријатија во 4 плански региони и од одговорите е направена анализа, односно Студија за проценка на состојбата за постапување по пријави на укажувачи и транспрантност и отченост на јавните претпијатија.

Следниот тренинг е закажан за на 26-ти мај во Скопје. Сите обуки се организираат во американските катчиња (American Corner).

Данијела Билбилоска