Трета година по ред „Шара куп“ за скијачи ветерани

62 скијачи и скијачки се натпреваруваа во 4 категории на третиот по ред Шара куп за ветерани, кој се одржа на Попова Шапка, а натпреварувачите ги служеа и одличните временски услови. Дружење и натпреварување на сите имиња кои значат во светот на скијањето – ова е целта на организирањето на Шара купот, вели Ивица Хаџи Иљоски – Чајка кој веќе трета година е во организацијата на ова натпреварување и е задоволен од реализацијата на натпреварувањето.  

На натпреварувањето за среќа немаше ниту една регистрирана повреда, а учеството на помлади и женски скијачи годинава е новина на Купот.

Прво место во категоријата скијачи над 61 година освои , кој даде пофалба за како што рече одлично подготвената патека.

Прво место на Купот на Шара за ветерани освои Љубомир Петровски кој истакна дека има мотив да учествува на ова натпреварување и во иднина.

Од организацијата се надеваат дека следната година бројката на натпреварувачи ќе стигне и до 100.

Маја Пероска