Трет состанок на Кризниот штаб на општина Тетово

Кризниот штаб на општина Тетово вчера го одржа третиот состанок на кој се разговарало за состојбата по поплавите и пожарот што го зафати магацинот за изолациони материјали во градот. Посебен акцент на оваа средба бил ставен на известувањето за преземените активности за актуелната состојба и степенот до кој се идентификувани штетите предизвикани од овие непогоди.