Трибина за Дигитализација на јавните услуги се одржа денес на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово

Ова е втора од серија јавни трибини за Дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија.

За побрза дигитализација на земјата, институциите треба да бидат поедуцирани, како и да се подигнат човечките и техничките капацитети, за тие да нудат елетронски услуги на граѓаните.

„Во моментов преку Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, се нудат 128 електонски услуги, на три јазици“, вели министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Во процесот на дигитализација надлежното министерство соработува и со локалните власти.

На трибината освен министерот Манчевски и градоначалничката Арифи, говореа и проф. Азир Алиу од Универзитет на Југоисточна Европа и Бобан Милосавлески, претприемач и основач на Алтиус Солушнс.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!