Тридневен семинар за претставници на политички партии за вклучување на лицата со хендикеп во политиката

Политичките партии започнуваат да разбираат дека заедницата со хендикеп треба да стане дел од нивниот електорат, но за жал се уште е ниска јавната свест по ова прашање.

Организацијата Полио плус-Движење против хендикеп во соработка со Фондацијата Вестминстер започнале соработка со политичките партии, коишто во иднина ќе треба да ја вградат Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, како дел од нивните програмски начела.

„Организацијата Полио плус се залага лицата со хендикеп да бидат поактивно вклучени како идни креатори на политиките во нашата држава“, вели Елена Кочоска, од Полио плус-Движење против хендикеп.

Во Тетово се одржува тридневен семинар, односно обука за претставници на политички партии „Комуникација – достапна за сите“. Во следниот период се планирани обуки за идните кандидати на политичките партии кои се со хендикеп за надградување со вештини во таа област.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!