Три лица повредени во сообраќајка на патот Тетово- Желино


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Повредените завршиле на скопските клиники.

Сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од 48-годишник од с.Г.Речица и патничко возило „опел корса“, управувано од 18-годишник од с.Сараќино се случила вчеравечер на регионалниот пат Тетово-Желино, кај Требошки натпатник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатник, 19-годишник од Сараќино, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.