Три сообраќајни незгоди предизвикани од животни

Во билтенот на СВР Тетово регистрирани физички напади, приведени албански државјани кои непријавено престојувале во земјава и три сообраќајни незгоди предизвикани од животни.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 94 лицa (ТЕ-65 и ГВ-29) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје на 34 лицa (ГВ) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а контроли им биле извршени на ТЕ-677 и ГВ-241 лицe со вакви решенија и не е констатирано непочитување на решенијата.

Вчера 32-годишник од тетовско Селце во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 23 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, бил физички нападнат од 39-годишен жител на гостиварски Градец. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Дваесет и четиригодишна гостиварка вчера пријавила дека физички била нападната од нејзиниот невенчан сопруг, 30-годишник од Република Косово, кој непријавено престојувал на подрачјето. Половина час подоцна тој бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

Вчера на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода четири лица од Република Албанија, на возраст од 19 до 24 години, кои непријавено престојувале на подрачјето. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Ноќеска во периодот од половина час по полноќ до 6 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавени се три сообраќајни незгоди на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, во близина на Градечкиот надпатник и бензинска пумпа, предизвикани од животни, а во кои учествувале патничко возило „бмв“ и два автобуса. Повредени лица нема, а причинета е само материјална штета. Увид извршиле екипи од Секторот за внатрешни работи Тетово.

error: Content is protected !!