Труењата со храна чести во летните месеци

Лекарите апелираат до граѓаните за поголема внимателност при подготвувањето, чувањето и консумирањето на храна, со цел избегнување несакани последици по нивното и здравјето на нивните најблиски.

Труењата со храна се најчести во летните месеци, па затоа лекарите апелираат до граѓаните за поголема внимателност при подготвувањето, чувањето и консумирањето на храна, со цел избегнување несакани последици по нивното и здравјето на нивните најблиски.

За да се спречи неопходно е да се направи правилен избор на продуктите и нивна набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување на храната. При купувањето треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната, да се купува храна од проверени места каде има услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди.

Труењето со храна или вода е често заболување кое се јавува како резултат на внесување на храна или вода која содржи бактерии, паразити, вируси или токсини создадени од овие микроорганизми. Симптомите најчесто се манифестираат во тек на 24 часа, неочекувано, набргу по консумирање на загадената храна. Ова заболување може да се јави кај еден човек или кај група луѓе кои јаделе од истата контаминирана храна.

error: Content is protected !!