Угостители: И покрај празниците, тешко се опстојува

За да влезете во угостителски објект според законските одредби обврзани сте да прикажете сертификат за вакцинација. Месец јануари е период полн со празници и одбележувања, кои често граѓаните сакаат да ги поминат во пријатна атмосфера во ресторан или кафуле. Но, протоколите и мерките го отежнуваат целокупното функционирање на угостителските објекти, велат угостителите. Изминаа две тешки години, но и иднината за жал е неизвесна. Загубите се големи, истакнува долгогодишниот угостител Ненад Петровиќ.

Одреден дел од рестораните ќе го одбележат дочекувањето на Православната Нова година и Василица во своите објекти. Но, сепак, тврдат дека и празничниот период не доведува до подобрување на ситуацијата со оглед на тоа дека бројот на гости кои според протоколите имаат можност да го посетат објектот е доста мал.

Иднината е неизвесна, ситуацијата е тешка, вели Петровиќ. Со оглед на развојот на настаните, оценката е дека предизвикот за надминување на кризата во угостителскиот сектор е навистина тежок, а последиците може да бидат уште посериозни, заклучува тој.