Угостителски објект во Тетово работел по дозволеното време, во него затекнати 14 странски државјанки

При ивршена контрола на угостителски објект на ул. „Браќа Миладинови“ од страна на полициски службеници од СВР Тетово, вчера во 22.30 часот, сопственост на 52-годишник од Тетово, било констатирано дека објектот работи и во него има повеќе гости, со што не била почитувана одлуката на Владата за работно време на угостителските објекти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Исто така, во објектот биле затекнати 14 странски државјанки (седум од Р. Албанија, шест од Р. Србија и една од Р. Косово). Тие биле приведени во полициска станица, поради злоупотреба на туристички престој и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во полициска станица бил приведен и сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 206 од Кривичниот законик. За настанот  бил запознаен Јавен обвинител.

error: Content is protected !!