Украдени 16 дела на акaдемскиот сликар Павле Кузманоски

16 ликовни дела на акaдемскиот сликар, Павле Кузманоски, денеска биле украдени од Мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ во Скопје. Станува збор за дела создавани во последните 60 години, изработени во повеќе ликовни техники.

По пријавувањето на кражбата, веднаш е започнато со откривање на сторителите и расветлување на инцидентот.

Од „Матица Ексклузив“ оваа кражба ја поистоветуваат со кражбата на делото на Пикасо од Музејот на современата уметност во Македонија во седумдесетите години на минатиот век.

Ивана Серафимовска